Три лица се повредени од кои две потешко во сообраќајните несреќи што во текот на вчерашниот ден се случиле во полошко, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во првиот случај седумгодишно дете што возело велосипед било удрено од засега непознато возило што го управувал непознат возач кој веднаш избегал од местото на несреќата. Сообраќајката се случила нешто пред 10 часот во гостиварската населба Горна Бањица во месноста викана Грудејци. Детето се здобило со скршеница на десна потколеница и веднаш било пренесено во гостиварската болница а потоа препратени на скопските клиники. Полицијата презема мерки и активности за откривање на иднетитетот на возачот и се друго поврзано со сообраќајката. Според досегашните првични информации веќе има првични сознанија околу идентитетот на возачот кој неофицијално го управувал возилото без соодветна дозвола.
Втората сообраќајка се случила во 15 часот и 50 минути на регионалниот пат Тетово Пирок во селото Синичане. Товарно моторно возило Мерцедес Спринтер со пробни скопски регистерски таблички, а управувано од В.М.(25) од Синичане, се судрило со моторцикл Галерија без регистарски таблички и што без дозвола го управувал Ф.Џ.(18) од тетовска Мала речица. Притоа со телесни повреди се здобил возачот на моторциклот додека неговиот совозач Ј.Т.(18) од Тетово се здобил со скршеница на нога. Двајцата биле префрлени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош Ф.Џ. бил пуштен на домашно лекување додека Ј.Т. со медицинско возило бил префрлен на скопските клиники.
Според полициските податоци, само во текот на април во тетовско гостиварскиот регион биле откриени 290 возачи што управувале разни видови моторцикли, автомобили, минибуси и тешки камиони без соодветна дозвола. За изминатата година бројката на откриени таканаречени диви возачи на подрачјето на СВР Тетово изнесува 2.726, посочи Јосифовски.Во првиот случај седумгодишно дете што возело велосипед било удрено од засега непознато возило што го управувал непознат возач кој веднаш избегал о