Бебето добило пареза на десната рака и сега никако не може да ја мрда! А другата му била скршена! Сето ова се случило, бидејќи лекарите биле ужасно невешти! Детето на една несреќна пациентка било премногу крупно, имало дури 4.950 грама и требало таа да биде породена со царски рез, но лекарите инсистирале на природно раѓање. Кога пораѓањето започнало, започнал и ужасот!
Ова е почеток на една ужасна приказна која ја раскажала очајната пациентка Јасмина Пејовиќ (39) од Белград.
„Акушерките и лекарите ме третираа како од пониско ниво. Викаа по мене, ме тера да напнам посилно. Бидејќи не можев, лекарот ги соблече кломпите и се качи на мене. Ми застана со нозете на стомакот и скокаше врз него. На крајот се роди мојот син, но неговата лева рака беше скршена, а на десната имаше пареза и сега воопшто не може да ја движи“, вака звучи приказната на несреќната жена.
„Кога видов дека моето дете не може да ја мрда и другата рака, бев шокирана. Лекарите ми рекоа дека има пареза, нешто како парализа. Поминаа два месеца, а мојот син се уште нема рефлекси на десната рака и не може да ја движи. Рачето му е без циркулација, секогаш му е студена и неподвижна. Душата ме боли кога ќе видам како се мачи и дека тој проблем ќе му остане. Сега веќе почна да ја врти главата на едната страна, бидејќи нема чувство во раката“, вели Јасмина, додавајќи дека на овој начин сака да го привлече вниманието на сите бремени жени, преку што се може да минат.Детето на една несреќна пациентка било премногу крупно, имало дури 4.950 грама и требало таа да биде породена со царски рез, но лекарите инсистирал



