СТРАШНА статистика: Половина од вашите пријатели не ве сметаат за пријател!

Дали знаете кој ви е пријател? Многумина не знаат, според едно неодамнешно истражување.Истражувачите од Универзитетот Тел Авив и Институтот за технологија Масачусетс се здружиле и откриле дека само половина од нашите пријатели го возвраќаат пријателството. Ова може да се должи на преценувањето на влијанието што го имаме врз другите кога се формираат врските.
Социјалното влијание не се состои од добивање најмногу лајкови на фотографиите што ги објавувате на Фејсбук. Како што истражувачите објавија, тоа се состои од способноста да се убеди некој, без разлика дали станува збор за лично пријателство или политичко движење.
Поединците од старт претпоставуваат дека нивните врски се возвратени, велат истражувачите. Но, се покажало дека овие претпоставки се многу погрешни, и тоа дури во половина од случаите.
Во истражувањето биле земени 600 студенти, кои требале да ја опишат својата врска со пријателот оценувајќи ја од 0 до 5 , соодветно, од „Не го/ја познавам“, до „Најдобар пријател“. Се покажало дека 95% покажале различни резултати. Истражувачите создале „алгоритам на пријателството“, што го предвидува реципроцитетот на основа на бројни фактори, како бројот на пријатели што луѓето ги имаат, и бројот на заеднички пријатели меѓу двајца поединци.
Социолозите тврдат и дека оној кој има потешкотии да се врзе во пријателството, реагира полошо на притисокот на општеството.
Па, нареден пат кога пријателот ќе ве замоли да направите нешто што не сакате да го направите, запрашајте се: Дали и тој би го направил тоа за мене? Ако одговорот е не, таа личност веројатно не ви е пријател.Истражувачите од Универзитетот Тел Авив и Институтот за технологија Масачусетс се здружиле и откриле дека само половина од нашите пријатели го возв

Пронајдете не на следниве мрежи: