Во 02 часот и 30 минути по полноќ на дел од пругата помеѓу Велес и Чашка, поточно после излезниот сигнал од Велес кај надвозникот, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Битола наишол и удрил во метален контејнер кој бил поставен од страна на непознати лица од десната страна на пругата во правец на движење на возот.Од ударот моторната гарнитура била оштетена и причинета е материјална штета. Повредени патници и возен персонал за среќа нема. Возот не застанал на местото на настанот туку го продолжил движењето кон Битола.
Од страна на екипа од полицијата била извршена кримтехничка обработка и се работи на целосно расчистување на случајот.Од ударот моторната гарнитура била оштетена и причинета е материјална штета. Повредени патници и возен персонал за среќа нема. Возот не застанал на