Тројца француски државјани се уапсени поради сомнеж дека извршиле киднапирање на девојче во Белград, а според сознанијата на Б92 за детето бил подготвен и пасош. Мишел Себастијан (46), Сандрин Горен (40) и Кристел Еје (26) вчера околу пладне ја киднапирале две годишната Маша Пренковиќ на Вождова, но два часа подоцна се уапсени на автопатот кај Сремска Митровица, а девојчето неповредено им е вратено на родителите Дамир и Мирјана Пренковиќ. Според сознанијата на Курир, киднаперите имале намера девојчето да го продадат во странство, а зад целата таа работа стои бугарска мафија.
Девојчето е пронајдено без повреди и е вратено кај родителите, a осомничените ќе бидат приведени со кривична пријава од Високото јавно обвинителство во Белград, наведено е во соопштението.
Киднаперите се уапсени на автопатот накај Шид, откако се обиделе да ја пробијат наплатната рампа кај Шимановац, со возило со француски регистарски таблички, а детето е најдено неповредено. Како што пишуба „Блиц“, тројцата уапсени не соработуваат со полицијата и меѓу себе разговараат на шпански.
Кинапирањето се случило во 12 часот, кога мајката со девојчето во раце, излегла од локалниот супермаркет. Од возилото кое ја следело излегол маж, ја оттурнал и го ставил детето во автомобил.
„Имавме монструозно дело, но со брза реакција од полицијата киднаперите се уапсени. Полицијата забележала дека киднаперите во еден момент сакале да го фрлат детето преку ограда и да побегнат без него, но навреме биле опколени и избегнато е најстрашно сценарио и детето е живо и неповредено“, вели министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
„Делува како организирана акција и начинот на кој е извршно киднапирањето укаѓува на тоа дека се работи за професионалци. Можеме само да претпоставуваме за причините, но киднапирањето се прави од 3 причини – поради уцена, трговија со луѓе и кога станува збор за семејно киднапирање“ вели криминологот Божидар Спасиќ.
Погледнете како реагираше таткото на девојчето кога дозна дека неговата ќерка е пронајдена. Повеќе на следниот ЛИНКМишел Себастијан (46), Сандрин Горен (40) и Кристел Еје (26) вчера околу пладне ја киднапирале две годишната Маша Пренковиќ на Вождова, но два часа