Страшно откритие: Опремата во теретаните има повеќе бактерии од тоалетот!

Ви треба изговор за денеска да си останете дома и да не одите на фитнес? Еве ви го изговорот: Вашата теретана е гнасна.За потребите на истражувањето биле собрани примероци од бактериите од 27 различни парчиња опрема во три различни фитнес-центри. Тоа што го покажале истражувањата ги згадило сите: на опремата имало мноштво од бактерии што може да предизвикаат инфекции на кожата, а некои од нив биле дури и резистентни на антибиотици.
На велосипедот за вежбање имало 39 пати повеќе бактерии отколку на послужавниците во бифеата, траката за трчање имала 74 пати повеќе бактерии отколку чешмите во тоалетите, а теговите биле најгнасни од се, со убедливо водство од 362 пати повеќе бактерии отколку тоалетната школка. Ако добро размислиме, ова има логика. Сигурно до сега  не сте виделе како некој ја брише траката за трчање по напорното и испотено тренирање, а уште помалку како некој ги брише теговите по нивната употреба со испотени дланки.
Истражувачите во заклучокот препорачуваат дезинфекција на опремата пред и по употреба, и советот: никогаш немојте да одите боси во теретаната или пак да се допирате за лице. Освен тоа, секогаш треба да ги миете рацете и да ја менувате облеката веднаш по вежбањето.За потребите на истражувањето биле собрани примероци од бактериите од 27 различни парчиња опрема во три различни фитнес-центри. Тоа што го покажале

Пронајдете не на следниве мрежи: