Страшно! Таткото намерно го оставил двегодишниот син во автомобил да умре

Џастин Рос Харис (33), чиј син починал заклучен во автомобил на сонце, претходно истражувал колу време е потребно за едно животно да умре во слични услови.Американското обвинителство поднело тужба против Џ.Р. Харис од Алабама за убиство со предумисла врз својот син Купер. Се изјаснил за невин.
Таткото отишол на работа, а заборавил да го остави детето во градинка. Сватил дека неговиот син се наоѓа во автомобилот дури по истекот на рабиотното време, седум часа подоцна.
Колегите: Тој ден се однесуваше чудно
Меѓутоа, сега открија дека на копјутерот во неговата канцеларија истражувал колку време е потребно за едно животно да умре во слични услови. Тој ден колегите забележале дека Харис се однесувал чудно. Харис го однел синот на појадок, а за време на ручекот се вратил до автомобилот и оставил нешто на предното седиште.
Истовремено, над 11.000 луѓе потпишале петиција на интернет за ослободувае на Харис од притвор. Тврдат дека го обожавал својот син и дека се работи за трагична несреќа а не за убиство. Сметаат дека му е доволна му е казната што мора да живее со сознанието за тоа што се случило.
Полицијата во округот Коб издала соопштение во кое се моли за трпение додека не се расветли случајот.
„Чекаше за да одглуми дека детето му се гуши“.
Харис кога го видел синот повикал помош. Меѓутоа, наместо да ја признае вината тврдел дека Купер почнал да се гуши.
„Не изгледаше така. Момчето беше испотено. Косата му изгледаше како да се капел во базен. Мислам дека таткото беше свесен што всушност се случило и бараше вистински момент за да одглуми дека детето му се гуши па да испадне дека не е негова вина – изјавил сведокот Едвард Кокрем(49).

„Повеќе го интересираше што праваи полицијата отколку што се случува со син му“
Друг сведок Артика Естланд(25) истотака потврдила дека Харис се однесувал чудно.
„На почетокот врескаше `боже, што направив` и проба да го оживее.
Потоа работите станаа чудни. Повеќе го интересираше со кого зборуваше полицијата отколку состојбата на син му“.
 
 Американското обвинителство поднело тужба против Џ.Р. Харис од Алабама за убиство со предумисла врз својот син Купер. Се изјаснил за невин.

Пронајдете не на следниве мрежи: