Страствениот бакнеж помеѓу Србин и Хрватица ПРОТИВ ОМРАЗАТА: Еве што им порачаа на луѓето!

Фотографијата од Србинот и Хрватицата кои се бакнуваат го обиколи целиот регион и предизвика позитивни рекации.Мими и Тифи се фотографираа во дресовите на Србија и Хрватска, но такашто тој го облече дресот на хрватската репрезентација, додека таа српскиот. Така и настана фотката со Србинот и Хрватката која многумина ја симболизираа со љубовта меѓу овие две земји и нивната иднина.
„Се запознавме пред 3 години, нејзината најдобра другарка и мојот најдобар другар сега почнаа врска и така дојде до тоа да отидеме заедно на езеро, на 26 август ќе славиме двегодишнина“, изјави Мими.
Двајцата живеат во Германија, и велат дека не прават разлика меѓу нацијата и вероисповедта.
„Ние живееме во Минхен, овде речиси никој не не критикуваше, воглавно ништо не рекоа затоа што овде во странство живеат и Срби и Хрвати, муслимани сите заедно и сите се дружат. Славиме кога ќе победи некоја нација во спортот и плачеме кога ќе изгуби“ – вели Тифи.
Иако е роден во 1995 година и не ги почуствувал последиците од војната на овие простори, се смета како многу важна порака која тој и неговата девојка сакаа да ја испратат.
-Не сакавме да испратиме порака само за Хрватите и Србите, туку на цела поранешна Југославија, дека треба да шириме љубов, а не војна, додаде тој.Мими и Тифи се фотографираа во дресовите на Србија и Хрватска, но такашто тој го облече дресот на хрватската репрезентација, додека таа српскиот. Т

Пронајдете не на следниве мрежи: