Медиумските перјаници и советници на СДСМ отворено застанаа во одбрана на идејата на опозицискиот лидер Зоран Заев, кој во интервју за НОВА ТВ во вторникот најави двојазичност во цела Македонија доколку неговата партија дојде на власт. Заев практично потврди дека со воведување двојазичност, СДСМ ќе лови албански гласови.За главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски, во ваквите најави немало ништо лошо и првиот човек на опозицијата говорел “храбро и мудро“.
-Што има лошо во тоа? Ама баш ништо. Напротив! Затоа, идиотските спинови на провладините курири и куртони треба веднаш да се отфрлат како несериозни и депласирани. Упорно тврдам дека СДСМ може да ги добие изборите само ако понуди храбри, фер, демократски и реформски решенија за главните проблеми со кои се соочува Македонија, а не ако бега од нив. И затоа се радувам што Заев, еве и на ваков начин, ги оправдува моите очекувања. Ќе ви го објаснам тоа со еден едноставен пример. Да претпоставиме дека сте Албанец кој сака да добие дозвола за градба во Струмица. Јас сум убеден дека ништо не пречи да ви биде обезбедена можноста целокупната преписка со државата (формулари, барања, решенија, молби, жалби итн) да се води на албански јазик. Така постапката бездруго ќе стане поскапа и побавна, но тоа е цената што мора да ја плати секој ако сака да ужива во привилегијата на двојазичноста. Секако, треба да постои и можноста вие, како Албанец, работата во Струмица да ја завршите и побрзо, ако не ви пречи постапката да ја водите на македонски јазик, напиша Героски.
Коментирајќи ги зијавите на Заев, други аналитичари сметаат дека најавите за двојазичност и трката по албански гласови се очајнички потег на СДСМ.
-Овој е ракета. И тоа балистичка. И тоа не земја-воздух туку балистичка ракета нива-нива!!! Овој да го испалиш како градобијна ракета нас ќе не столчи град како орев три недели!!! Кој го излажа кој го намести да ги напушти нивите !?, напиша аналитичарот и новинар, Васко Ефтов.
Заев во интервју најави дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица и останатите градови каде што живеат над 90% етнички Македонци.
-Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?, рече Заев.
Лидерот на СДСМ не крие дека антимакедонската политика има единствена цел, да им се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој што сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи, рече Заев.
За главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски, во ваквите најави н