Мотивот за стравичното убиство во Теслиќ кое се случило изминатата ноќ веројатно е љубомора. Убеден дека сопругата го изневерива, Босиљко Ѓуриќ (24) по расправијата со сопругата Татјана Ѓуриќ (21), во станот во кој живееле, со нож на смрт ја искасапил својата сопруга со која има 3-годишно девојче.„Најстравично од сето тоа беше плачот на малата Светлана која ниту крива ниту должна, гледала како татко ѝ ја убива мајка ѝ. Би сакала да не ѝ остане во сеќавање ништо од тој стравичен настан“, вели една од сосетките.
Полицијата и по извршениот увид го обезбедува местото на настанот бидејќи крвта на убиената Татјана се уште е по целиот стан.
„Иако не се дружев со нив беа добри соседи. Кога ќе ги замолев за нешто, секогаш ми помагаа. Пијам лекарства па не слушнав што се случувало вчера“, објаснува Зехра Халиловиќ, која живее во истата зграда.
Миладин Миличевиќ од соседната зграда вели дека по полноќ слушнал крици и повици за помош и дека имало и препирање со полицијата која дошла на местото на настанот.
„Врескањето беше страшно, но не знаев што се случува. Видов дека дојде полицијата да интервенира и знаев дека нешто страшно се случило. Ова е мирна улица и шок за сите нас“, вели Миличевиќ.
Уапсениот Босиљко Ѓуриќ работел во едена приватна фирма и неодамна станал коспоственик на едно кафуле во Теслиќ. Татко му починал пред дваесет дена, а тој со сопругата мајка му и 3- годишната ќерка живеел во родителскиот стан. Не е познато каде била мајка му на Босиљко во моментот кога се случило убиството.
„Најстравично од сето тоа беше плачот на малата Светлана која ниту крива ниту должна, гледала како татко ѝ ја убива мајка