Засилени безбедносни мерки се воведени на албански пристаниште Драч, Шенѓин, Валона, Саранда,како превентива по терористичките напади што се случија во Брисел, јавува дописникот на МИА од Тирана.Министерот за транспорт Едмонд Хаџинасто издал наредба за тестирање на нивото на безбедност на домашните пристаништа за да се испита навремената реакција на безбедносните сили и за спречување на настани кои се закана за безбедноста, објави порталот Албеу.
Покрај другите мерки кои почнаа да се спроведуваат се и многуте влез-излез контроли на луѓе, детална контрола на возила и багажот на патниците.
Веднаш по нападите во Брисел засилени безбедносни мерки беа воведени на меѓународнот аеродром во Тирана.
Министерот за внатрешни работи Саимир Тахири потврди дека се преземени засилени безбедносни мерки, додавајќи дека како и сите други земји и Албанија не е имуна на тероризмот, но оти нема место за паника.
Можни се терористички напади на Скопје и Приштина – предупредува косовската полиција – Прочитајте ТУКАМинистерот за транспорт Едмонд Хаџинасто издал наредба за тестирање на нивото на безбедност на домашните пристаништа за да се испита навремената ре
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.