Стравична исповед на славна актерка: „Член од моето семејство ме силуваше кога имав 11. На 16 ме силуваа двајца возрасни“

Познатата  актерка Ешли  Џад (48) минала низ вистински  пекол додека растела и нејзиното  детство  и  тинејџерство  се одбележани со  силување, инцест и  други  ужасни облици  на сексуално  злоставување.Ешли не сака да молчи  за работите кои  ги  доживеала и  како  што  вели  ќе стори  се за да се избори  со  сите кои  сметаат  дека било какво малтретирање на жеите е  „оправдано“ или „дозволено“.
Додека растела во  Кентаки во  растурено  семејство, во  кое нејзината мајка Наоми секојдневно   доведувала различни  момци дома, Ешли многу  рано  се запознала со  сексот, бидејќи  со  ноќи  ја слушала својата мајка во акција со разни мажи.
Семејството  често  се селело додека Наоми и  постарата сестра на Ешли Винона  се обидувале да станат  пејачки и  на 11 години несреќната Ешли  доживеала траума-  ја силувал  член на нејзиното семејство чие име никогаш  не го открила.
Ужасот продолжил и во следните години, кога имала 16 годии ја силувале  двајца мажи додека трет набљудувал!

 
Благодарение на својата убавина и  манекенската градба, Ешли добила прилика на 17 години  да отпатува на два месеци  во Јапонија, но пеколот продолжил- нејзиниот менаџер се обидел да ја присили на орален секс, а неколку  дена подоцна, уште еден маж се обидел да ја силува во автомобил, но успеала да побегне.
Годините малтретирање  оставиле  длабока трага  на актерката, и  таа во почетокот на 2006 била скоро  два месеци  на лечење од депресија…
Ешли Џад редовно држи предавања со кои  сака да ги  охрабри сите жени кои   минале низ слична траума, да истапат и  да проговорат за страшните  злоставувања кои  ги преживеале.
Актерката во 2011 објавила книга во која детално  ги опишала своите траумии  го шокирала светот.Ешли не сака да молчи  за работите кои  ги  доживеала и  како  што  вели  ќе стори  се за да се избори&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: