„Кога штотуку дојдов во Реметинец, беа многу љубезни кон мене. Но, после неколку дена почнаа најпрвин вербало да ме злоставуваат- не си ја исчистил добро собата, премногу кафе испи и слично. Набрзо почна и физичкото злоставување кое се зголемуваше од ден на ден.„Ме тепаа со раце, нозе, со сапун кој го ставаа во чорап и палка која ја правеа од весници. Еден ме присили на орален секс, а кога одбив, уринираше по мене. Ме полеваа со врела вода по раката, а на крај со жилет ми го изгребаа буква на раката. Бараа од мене да го лижам чучавецот, а потоа ја земаа метлата… “, раскажува 23- годишно момче кое оваа година се нашол во Реметинец поради закана кон својата сестра, а кој подоцна од своите цимери од ќелијата преживеал неописливи навреди.
Оваа страшна приказна од хрватските затвори звучи уште пострашно кога ќе се согледа нејзиниот контекст. Имено, поводот за злоставување, или барем покачувањето на неговиот интензитет, од страна на цимерите по се судејќи бил фактот дека мајката на момчето била судијка, а која претходно осудила еден од злоставувачите.
Мајка судијка
Злоставувањето почнало во поблаг облик и траел пет дена, но потоа во еден момент го прашале со што се занимаваат неговите родители, а тој им кажал дека мајка му е судијка.
„Мислам дека твојата мајка ме судеше“, рекол еден од злоставувачите. По шестмесечна истрага било подигнато обвиение поради оваа случка против Ш.К. и К.Б. (19) кои делеле ќелија со 23- годишникот. Имено, едниот се обвинува дека го сулувал момчето со дршката од метлата која ја имале во ќелијата за чистење на просторијата. И двајцата се бранеле со молчење, но низа сведоци потврдиле за злоставувањето.
„Ми рекоа дека ќе ме убијат, дека ќе ми ја убијат мајка ми, дека ќе ме исечкаат на парчиња и дека ќе ја силуваат сестра ми“, открило момчето. Цело време злосторниците внимавале да неги види некој од стражарите, а дури и злоставувањето го префрлиле на кревет кој не се гледа низ клучалката на вратата. жртвата сепак не можела повеќе да издржи и по две седмици решила се да им открие на стражарите.„Ме тепаа со раце, нозе, со сапун кој го ставаа во чорап и палка која ја правеа од весници. Еден ме присили на
Пронајдете не на следниве мрежи: