Стравична сообраќајка во Албанија: Загина семејство

Стравична сообраќајка во Албанија.Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во северниот дел на Албанија, на автопатот Кукс-Морина кај месноста Ура е Узинс, животот го загубиле тројца членови на семејство од српскиот град Прешево, додека две момчиња од Косово се повредени, јави дописникот на МИА.
– Во директен судар на автомбил марка БМВ со косовски регистраски таблички и „Фолксваген“ со српски регистарски таблички загинаа три лица од Прешево, додека повредени се две момчиња од Косово, соопшти албанската полиција.
Според истиот извор во несреќата животите ги загубиле Башким Хамиди (54), неговата сопруга Зејмихане (52) и нивната ќерка Емруше (17) од Прешево.
Првичната истарага потврдила дека сударот се случил поради непочитување на правото за претекнување, поради што дошло до директен судир на возилата, од кои едното се движело кон Албанија, а другото кон Косово.
Две од жртвите починале на самото место на несреќата, додека третата им подлегнала на повредите во регионалната болница во Кукс. Повредените момчиња се вон животна опасност.Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во северниот дел на Албанија, на автопатот Кукс-Морина кај месноста Ура е Узинс, животот го загубиле тро

Пронајдете не на следниве мрежи: