Стравична сообраќајна несреќа во Црна Гора

Страотна сообраќајна несреќа се случила попладнево во Црна Горна, на магистралниот пат Подгорица–Колашин, на мостот Грло, кај кањон Морача, соопштија медиумите на таа земја. Најмалку 13 лица го загубиле животот, а 40 се повредени. Од Клиничкиот центар во Подгорица изјавиле дека кај нив се довезени 17 повредени од кои едно е дете.
Портпаролката на Управата на полицијата, Тамара Поповиќ, за подгоричка Побједа изјавила дека несреќата се случила кога од досега непознати причини, автобусот кој околу 15 часот влегол во Црна Гора, доаѓал од правецот на Колашин излегол од тунелот слетал од мостот Грло, кај манастирот Морача, ја пробил заштитната ограда и паднал во провалијата на 30 до 40 метри од патот.
На местото на несреќата биле испратени сите медицински екипи со кои располага подгоричкиот клинички центар, а полицијата направила коридор до црногорската престолнина за пренесување на настраданите. Покрај со амбулантни возила, повредените се пренесувани и со приватни возила.
Исто така, на местото на несреќата се упатени и полициски специјалци, пожарникари, планинари и припадници на службата за спасување. На местото од несреќата пристигнал и црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ.
 
 Страотна сообраќајна несреќа се случила попладнево во Црна Горна, на магистралниот пат Подгорица–Колашин, на мос

Пронајдете не на следниве мрежи: