Бруталното убиство на старицата Зорка Станковиќ од 2010 година, до крај било откриено благодарение на сведочењето на децата на Светлана Станковиќ (37) која пред неколку дена, заедно со уште двајца мажи била осудена за ова злосторство!Момчето и девојчињата во 2015 година и биле одземени на мајката, а потоа во семејството кое ги згрижило откриле дека Ратко Станковиќ (56) не е единствениот виновник во ова злосторство, како што се мислело со години.
Децата раскажале дека соучесници во силување, мачење и масакрирање на старицата биле и нивната мајка Светлана и извесен Драгиша Ристиќ (41).
Набрзо почнало да се одмотува клопчето на стравични злосторства во семејството на несреќните деца, кои родената мајка ги злоупотребувала па дури и ги терала на меѓусебни сексуални односи. За убиството и сите кривични дела Светлана е осудена на само 18 години затвор!
Ратко Станковиќ, Светлана Станковиќ и Драгиша Ристиќ од село Голобок на 6 мај во 2010 сториле стравично злосторство над Зорка, која лежела, слепа и болна, во пелени, во својот до во Смедеревска Паланка.
Ратко и Драгиша прво ја силувале додека Светлана го гледала сето тоа.
Потоа и пришла на изнемоштената старица и со нож три пати за убола во градите, а потоа мажите ја удирале несреќната жена со секира по главата, а потоа и го распарчиле телото.
Децата исто така раскажале дека мајката ги злоупотребувала со години.
Својот син(10) го терала на орален секс со нејзиниот партнер за 1000 динари, а за истата сума на мажите им дозволила да ги допираат девојчињата по интимните делови. Дури пред децата имала сексуални односи за пари.
Синот го терала на секс со сестра му, која бегала преку прозор. Сето тоа се случувало од 2009 до 2013 година.
За сите дела обвинетите добиле скоро минимални казни.
Светлана добила казна од 18 години затвор и парична казна од 100.000 динари.
Драгиша Ристиќ исто така добил 18 години затвор, а Ратко Станковиќ 16 години.Момчето и девојчињата во 2015 година и биле одземени на мајката, а потоа во семејството кое ги згрижило откриле дека