Во Крагуевац кај крстосницата „Мала вага“ тешко е повреден Александар Јовановиќ (27).На него налетал воз во 1 часот наутро. Екипата на итната помош го префрлила повредениот Јовановиќ во Ургентнот центар, со тешки повреди опасни по живот.
Хирурзите веднаш ги извршиле потребните операции, а едната потколеница морала да му биде ампутирана. Другата нога му е оперирана и фиксирана пореди повеќекратни скршеници.
„Пациентот е донесен во Ургентниот центар со тешки телесни повреди и во текот на ноќта хитно го оперираа ортопеди и васкуларни хирурзи“, изјавила потпаролката на Килиничкиот центар Вања Ѓорѓевиќ. Возот се движел од Крагуевац, и според податоците од МВР, по оваа несреќа машиновозачот изјавил дека видел како момчето лежи на шините. Нозете му биле на шините, а остатокот од телото на патот.
Машиновозачот рекол дека не стигнал на време да закочи, па така возот поминал преку нозете на несреќното момче.
По тешките повреди и операцијата, пациентот е сместен на Интензивна нега, и приклучен на апарати за дишење.На него налетал воз во 1 часот наутро. Екипата на итната помош го префрлила повредениот Јовановиќ во Ургентнот центар, со тешки повреди опасни по ж