СТРАВИЧНО ЗЛОСТОРСТВО на една Босанка: Полицијата и влегла во станот а тоа што го затекнале ИМ ЈА ЗАЛЕДИЛА КРВТА во вените!

Самохраната мајка Тамара К. (25) е уапсена во Виена поради сомнеж дека го убила својот петгодишен син. Како што пишува австрискиот „Куриер“ , полицијата ја затекнала Тамара со потекло од БИХ, на периферијата на Виена како лута по улиците во дезиорентирана состојба.Во текот на разговорот со полицајците таа признала дека си го убила детето. Веднаш потоа била пратена патрола во нејзиниот стан, кој се наоѓа во десеттиот виенски округ, каде било пронајдено и телото на нејзиниот син.
Полицајците останале запрепастени од тоа што го затекнале во станот. Имено, безживотното тело на детето било пронајдено на креветот под ќебето.
Паул Единберг, портпаролот на виенската полиција, изјавил дека мотивот на убиството сеуште не е познат.
„На телото имало повеќе нанесени рани со нож, но на прв поглед изгледало дека се само површински повреди. Според првичните информации можно е детето да е загушено со перница. Поради тоа надлежниот тужител нареди да се изврши обдукција на телото за да се утврди точната причина на смртта“- навел Единберг.
Како што рекол, засега не се знае кога малото дете е убиено, но се претпоставува дека злосторството е направено во недела во попладневните часови.
Инаку, во текот на сослушувањето осомничената жена давала двосмислени одговори и изгледала како да има психички проблеми. Во текот на разговорот со полицајците таа признала дека си го убила детето. Веднаш потоа била пратена патрола во нејзиниот стан, кој се наоѓа во де

Пронајдете не на следниве мрежи: