„Jавноста секојдневно се запознава со хаосот во Избирачкиот список. Еве нови примери. На една адреса во Скопје се запишани 35 лица. На друга адреса во Скопје се запишани 15 лица кои гласаат на две избирачки места. Јавната проверка на листата со гласачи запишани во Избирачкиот список покажува дека и на адреса на државни институции има запишани повеќе од 35 лица.Овој хаос во Избирачкиот список, огромниот број фантомски гласачи кои се најдоа во секоја општина во Република Македонија, го потврди она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори. Хаосот со Избирачкиот список е резултат на криминална политика која години по ред им го крадела на граѓаните правото за глас“.
Ова е последното вчерашно соопштение на опозицискиот СДСМ, што се однесува на квалитетот на Избирачкиот список. Ден претходно слична изјава на Радмила Шекеринска. Од фактот што има проблем со адресите во Избирачкиот список, се изведува заклучок и тој се презентира како доказ дека изборите биле фалсификувани, иако проверката не е завршена и на крајот може да се покаже дека сите тие лица се со легални документи и право на глас.
Според информациите од ДИK, вкрстената проверка треба да заврши во наредните неколку денови. Граѓаните допрва треба да поднесуваат приговори за Избирачкиот список по увидот направен преку веб-страницата, а теренската проверка следува во наредните недели.
СДСМ и изминатава недела ги проверуваше адресите и на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за кои вадеше информации дека на нивните адреси имало по десетици фантомски гласачи, иако потоа сите тие ги демантираа ваквите обвинувања бидејќи најчесто се работи за немање уличен систем, за исти имиња и презимиња или, пак, за грешки во системот на адреси, а не за нереални гласачи.
Од партијата на Заев вчера не беа достапни за коментар за тоа како сомневањата се веќе сигурни докази за фантомски гласачи кога не е завршен воопшто процесот за прочистување на Избирачкиот список, пишува ДНЕВНИК.
Без приговори и докази
Впрочем, опозицискиот СДСМ пред секои избори и по секој изборен пораз постојано обвинува за илјадници и илјадници фантомски гласачи, при што сомневањата ги трансформира во доказ. Само пред неколку недели и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во Илинден даваше слични изјави: „Фантомски гласачи имало и овде во Илинден и во овој регион“. Но кои се тие фантомски гласачи, колку се точно по општини и без да наведе дали за тоа има докази, дали некаде ги приложил или можеби ги доставил до Државната изборна комисија – одговори нема. Ова уште повеќе зачудува затоа што изборниот пораз на опозициската партија на последните избори беше речиси 200.000 гласа, но СДСМ не се обиде институционално за ниту еден глас, иако во јавноста тврдеше дека им се украдени гласови. Инаку, од 2006 година првиот човек на Државната изборна комисија секогаш е од редовите на СДСМ и притоа од 2009 година наваму, од кога формално е почнат процесот на прочистување на Избирачкиот список, сите претседатели, од Александар Новаковски, преку Борис Kондарко до Никола Рилкоски секогаш пред самите избори даваа изјави дека Списокот е во ред и прочистен.
Постојана промена на бројкитеСДСМ постојно го менува и бројот на спорни гласачи. Па, така, за изборите во 2014 година СДСМ реагира дека спорни се податоците за речиси 20 илјади лица во Избирачкиот список. Подоцна, во декември истата година, пред граѓаните на Охрид, Заев изјави дека располагаат со докази дека изборите спроведени во 2014 и 2013 година се апсолутно криминални. Тој им вети на охриѓани дека ќе ја обелоденат кражбата на изборите, но никогаш јавно не докажаа за што точно се работи. За кражба на гласови зборуваше лани во февруари и Стево Пендаровски кога почна објавувањето на бомбите. И тој велеше дека опозициската партија има материјали, но с` остана на тоа: „Опозицијата располага со докази дека ВМРО-ДПМНЕ украла најмалку 150 илјади гласа на последните избори“, рече Пендаровски во февруари 2015 година. Според него, исто така и на изборите во 2011 година Никола Груевски си ја обезбедил победата со украдени гласови, што всушност била во рацете на СДСМ. На 6 април 2015 година Заев одржа тематска прес-конференција за тоа дека им биле украдени гласови и како се создавале фантомски гласачи со фиктивни лични карти со објава на материјали од прислушување. Но неколку месеци потоа, кога се склучуваше пржинскиот договор во присуство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој рече дека за изборите во 2014 има генерално позитивни извештаи, се согласи на речиси исти Изборен законик и Избирачки список.
Претседателите на ДИK од 2006 година наваму – сите од редовите на СДСМ
Александар Новаковски – по изборите од 2006 година и измените на Изборниот законик во 2008 година, Новаковски го добива местото претседател на Државната изборна комисија. Доаѓа од општинската организација на СДСМ во Охрид. Во ДИK дојде како генерален секретар во Собранието на РМ, иако и претходно бил член на ДИK или, пак, заменик-член. Остана на функцијата до февруари 2011 година кога поради притисоци од сопствената партија и несогласувањата со тогашното раководството на СДСМ за прочистениот Избирачки список, си поднесе оставка.
Борис Kондарко – дојде на функцијата во април 2011 година. Се работи за поранешен портпарол и пратеник на СДСМ. Остана на оваа функција до октомври 2013 година кога си поднесе оставка. Напиша дека оставката ја поднесува од лични причини, а се шпекулираше дека се работи за тактичко повлекување по налог на Бранко Црвенковски.
Никола Рилковски – го наследи Kондарко и остана на функцијата до изборот на најновиот претседател на ДИK лани во декември. Се работи за втор претседател на ДИK од редовите на СДСМ кои доаѓа од нивната општинска организација во Охрид. Рилкоски пред ДИK беше и пратеник од СДСМ.
Александар Чичаковски – стапи на функцијата на 16 декември. Доаѓа од редот на експертите во ДИK договорени со пржинскиот договор, но важи за близок на СДСМ, што се покажа и со неговите изјави за прочистувањето на Избирачкиот список.Овој хаос во Избирачкиот список, огромниот број фантомски гласачи кои се најдоа во секоја општина во Република Македонија, го потврди она што СДСМ