Стриите се оштетување, односно пукнатини на кожата кои настануваат при нагло и брзо растегнување на кожата. Во тие моменти кожата не е доволно еластична што предизвикува појава на помали и поголеми линии, односно еден вид лузни. Но настанувањето на стриите може да се спречи или барем да се ублажи. Дознајте како.Кожата има одредена еластичност, како гума. Но кога таа ќе го досегне својот максумум доаѓа до пукање на ткивото што се манифестира во облик на стрии – омразените линии на кожата кои најчесто се појавуваат на колковите, стомакот и градите, при нагло дебелеење или слабеење, растење и бременост.
Иако се работи за лузна која многу тешно се отстранува, она што можете да направите е да ги ублажите или да го спречите настанувањето на стриите.
1.Крема против брчки
Интензивните креми против брчки содржат витамин Е кој помага кај обновувањето на кожата, а со тоа делува и врз стриите.
Исто така овој вид на креми содржи состојка која го поттикнува приозвотството на колаген , кој ја обновува кожата. Се работи за витамин А, односно ретинол (синтетичка инекција на истиот) кој ја храни кожата и ја зголемува еластичноста.
2. Исхрана
Здравата и правилна исхрана има неверојатно влијание врз ккожата. Ова ја зголемува нејзината еластичност и спречува настанување на „пукнатини“ на кожата, односно стрии.
Храна богата со антиоксиданти- спаканќ, шумско овошје како боровинки, рибизли, јагода, аронија, малини и капини.
Храна богата со витамин Е- јаткасти плодови, сончоглед, јајца, маслиново масло.
Храна богата со витамин А- морков, зелка, риба, тиква, млеко и млечни производи, путер и овошје како јаболко, праска и круши.
3. Хидратација на кожата
За да ја задржи својата еластичност, односно способноста за растегање кожата треба да се хидратизира однадвор и одвнатре. Внатрешната хидратизација се врзува со внесувањето на доволно количество вода.
Од друга страна, кожата треба редовно да се важни со хидратантна крема и лосион за тело, но и масла меѓу кои најдобри се бадемовото и маслиновото масло. На влажната кожа по туширањето, нанесете масло и причакајте кожата да го впие маслото. Постапката повторувајте ја по секое туширање.Кожата има одредена еластичност, како гума. Но кога таа ќе го досегне својот максумум доаѓа до пукање на ткивото што се манифестира во облик



