СТРУЧЊАЦИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Овие 5 работи никогаш не ги објавувајте на Фејсбук!

Бидејќи никогаш не можете да бидете сигурни кој се може да ги види вашите податоци на Фејсбук, затоа треба да бидете доста внимателни и да внимавате што објавувате на својот профил.Поради своја сигурност и сигурноста на вашето семејство, некои информации никогаш не смеете да ги објавувате, пишува порталот Net Security.
1. Вашиот и датумот на раѓање на вашето семејство
Кога наведувате точен датум, на крадците на интернет им ја давате една од најважните информации која можат да ја искористат за измама. Најдобро е да се изостави датумот на раѓање или барем годината.
2. Статусот на врската
Најдобро би било информациите во врска со тоа да ги задржите за себе.

3. Моменталната локација
Многу луѓе сакаат да се тагираат за да им покажат на пријателите каде точно се наоѓаат. Проблемот е во тоа што со тоа на сите им откривате дали сте дома или не сте. Ако случајно откриете и колку ќе трае вашиот пат, станувате лесна мета за крадците.
4. Не откривајте дека сте сами дома
Многу е важно родителите да ги предупредуваат децата во своите статуси да пишуваат дека се сами дома. Мислиме дека само пријателите може да ги читаат нашите статуси но никогаш не можете да знаете кој можеби го хакирал профилот на вашите пријатели и добил пристап до вашите информации.
5. Не објавувајте тагирани фотографии од своите деца
Многу родители на Фејсбук во таговите ги објавуваат целосните имиња на своите деца,а протоа на фотографиите ги тагираат роднините и пријателите. Тоа е начинот на кој крадците може да добијат важни информации за вашето дете кои можат да ги искористат за да дојдат до нив. Ако објавувате фотографии од своите деца, изоставете ги личните информации на фотографиите. Поради своја сигурност и сигурноста на вашето семејство, некои информации никогаш не смеете да ги објавувате, пишува порталот Net Security.

Пронајдете не на следниве мрежи: