„Вечер” изврши увид во документацијата на Струмица Гас, каде што може да се најдат низа на скандалозни и нелогични договори. Имено, ЈП Струмица гас гасот го продава по цена која е неколку пати повисока од пазарната, има само 11 вработени и пак работи со загуба поради тоа што сите пари ги префрла на Си-ен-џи системс, партиска фирма на СДСМ.Струмица гас продава гас на физички и правни лица иако во Централниот Регистар нема заведено лиценца за оваа дејност – ова го откри екипата на “Вечер” при увидот на документацијата на компанијата во Регулаторната комисија за енергетика.
-Во исто време, откривме дека контроверзната струмичка компанија има отворена сметка и неконтролирано да црпи средства од општинскиот буџет. Имено, во ноември 2015 директорот на “Струмица гас#, Зоран Китанов, потпишал договор со Средното општинско училиште “Никола Карев# од Струмица во кој не е наведено колку пари училиштето ќе треба да и плати на компанијата за снабдување со гас ниту пак е наведена сумата за 1 метар кубен гас – двајцата директори поставени од Зоран Заев се договориле “Струмица гас# без горен лимит да утврди колку ќе ќари од училиштето, пишува весникот.
Документот кој го виделе е само еден од многуте договори кои Струмица гас ги има потпишано со останатите средни и основни училишта во Струмица. Во исто време, од финансиските извештаи произлегува дека и покрај тоа што компанијата е постојано субвенционирана од државата, има милионски приходи и само 11 вработени – таа сепак секоја година работи со загуба затоа што најголем дел од парите ги дава на фирмата Си-Ен-Џи од која купува гас.
Од струмичани се црпат пари за партијата
Во 2016 година = 600.000 евра, во 2013 година = 1.920.000 евра, а во 2011 година = нема податоци. Ова се парите кои партиската фирма на СДСМ – Си-ен-џи системс ги добила од јавното претпријатие “Струмица-гас#, како ексклузивен снабдувач за гас за Струмица.
Си-ен-џи е во сопственост Митко Андреевски, кој е претседател на комисијата за енергетика на СДСМ. “Струмица гас#, најголем дел од загубите ги прави затоа што набавува гас токму од оваа компанија и тоа за цена неколку пати повисока од пазарната. Јавното претпријатие гасот го плаќа над 28 денари за метар кубен, за споредба, просечната цена по која ЕЛЕМ го набавува гасот е под 13 денари за кубен метар, а, киловат струја чини 4,8 денари за домаќинства, а за мали фирми е 5,75 денари за киловат час.
Простата математика вели дека ЈП “Струмица-гас# заработува двојно на грбот на сите струмичани со прескапиот гас, за кој велат дека им го поевтинил животот, а парите завршуваат во и “Си-ен-џи системс”. А, всушност им го поскапел, бидејќи не само што плаќаат поскап гас од сите други во Македонија, туку и гасот им е поскап од струјата.
Само последниот тендер вреди неверојатни 37 милиони денари со цената од 13 денари по која ЕЛЕМ го купува гасот, фирмата на функционерот на СДСМ, Андреевски, можела да купи над 2,8 милиони кубни метри гас. Кога сите тие би им ги продала на струмичани, фирмата Си-ен-џи на Андреевски би остварила чист профит од над 500.000 евра.
И покрај скандалот, сакаат нова лиценца!
Поради менувањето на типот на лиценците, ЈП “Струмица гас# поднеле барање за обновување на нивната лиценца за транспорт и дистрибуција со приватен гас до Регулаторната комисија за енергетика. Документите кои ги погледна екипата на “Вечер” се истите оние со кои “Струмица гас#, бара нова лиценца.
Новинарите се лаици, но и покрај тоа забележавме низа на неправилности од финансиски аспект а може само да се претпостави кои се забелешки од технички карактер ќе бидат најдени од стручните лица во регулаторна. Во текот на наредната недела Регулаторна ќе има седница на која ќе го разгледува барањето на јавното претпријатие кое служи за црпење на народни пари и нивно пренасочување кон партиската каса на СДСМ – дали ЈП “Струмица гас# и понатаму ќе смее да продава гас, останува да видиме.Струмица гас продава гас на физички и правни лица иако во Централниот Регистар нема заведено лиценца за оваа дејност – ова го откри екипата н