Струмичани и вечерва со протестен марш ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.– Кај граѓаните има насобрано голем гнев последниве три години откако СДСМ и Тирана работат против севкупните македонски интереси. На народот му е доста и од циничното понижување од страна на дипломатите кои лажат дека говорат во име на ЕУ земјите, истакна Јане Ангелов од Струмица.
Граѓаните читаа патриотска поезија и ги повторија пораките за зачувување на унитарноста на Македонија, за нејзиниот идентитет, име, химна, знаме, отфрлање на тиранската платформа и заштита на уставноста и законитоста. Граѓаните потоа протестираа низ централното градско подрачје.– Кај граѓаните има насобрано голем гнев последниве три години откако СДСМ и Тирана работат против севкупните македонски интереси. На на