Кој му наредил и под чија команда денеска лице од Струмица се обидувало да влијае врз утрешното гласање?Ова се двете најважни прашања на кои ќе треба да одговори претстојната истрага во која засега е опфатено само едно лице.
-Имено, 52 годишен струмичанец, според сознанијата кои ги добивме од полиција, кружел низ градот со лични податоци од припадници на ромската заедница и избирачки список со точни места на кои што се гласа – пренесе Курир.
Околу 14:30 часот, запрено е ПМВ „Фиат“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Б.Г. (1964) од Струмица.
Во багажникот е пронајдена копија од избирачки список и тетратка со податоци на лица од ромска националност, како и броеви на избирачки места каде истите треба да гласаат.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на траги и предмети за сторено кривично дело „Злоупотреба на лични податоци“, „Повреда на слободата на определување на избирачите“ и „Поткуп при избори и гласање“.Ова се двете најважни прашања на кои ќе треба да одговори претстојната истрага во која засега е опфатено само едно лице.
-Имено, 52 годишен