– Министерот за надворешни работи на Унгарија и еден од највлијателните членови на Советот на Европската унија, Петер Сијарто, утринава во Брисел упати јасна порака за политичките случувања во Македонија лоцирајќи ја одговорноста во редовите на опозицијата, јави дописникот на МИА од Брисел.По утринскиот работен појадок што Сијарто и неговиот австриски колега Себастијан Курц го организираа за евроинтегративниот процес на Македонија, покрај останатите шефови на дипломатиите на ЕУ-земјите, беа присутни и македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски.
По завршувањето на состанокот, Сијарто во име на ЕУ побара да се почитува волјата на македонскиот народ кој гласал за сегашната Влада, а тој посочи и дека “тоа што македонската опозиција не сака раби избори, доволно говори за сегашната ситуација”.
– Утринава имавме појадок на пријатели на Македонија со цел да ја покажеме нашата посветеност на сегашната македонска Влада во поглед на евроинтеграцијата на земјата и притоа би сакал да истакнам неколку кратки факти. Првиот е дека интерес на земјите-членки на ЕУ е Македонија да биде успешна во интеграцискиот процес во ЕУ. Втор факт е дека сегашната Влада на Македонија има направено многу со цел да биде успешна во евроинтегративниот процес. Трето, Македонија неодамна одигра многу позитивна улога кога станува збор за мигрантската криза. Всушност, Македонија одигра попозитивна улога од некои други земји-членки на ЕУ, кога станува збор за зголемениот проток на миграција кон централниот дел на Европа, посочи Сијарто на почетокот.
Унгарскио шеф на дипломатијата беше посебно конкретен кога станува збор за политичката криза во земјата.
– Четврт факт е дека мораме да ја почитуваме волјата на македонскиот народ. А, македонскиот народ гласаше за оваа Влада на четири избори по ред. Сегашната Влада не освои власт и позиција на лотарија, туку на парламентарни избори. Сите ние, не само членките на ЕУ, туку и европските институции мора да го почитуваме овој факт дека оваа Влада ја освои власта на парламентарни избори, дециден е Сијарто.
Како последна точка во неговиот прв настап на прес-конференцијата по состанокот, министерот за надворешни работи на Унгарија го издвои и однесувањето на македонската опозиција во земјата и нивното опструирање на договорот од Пржино.
– Мојата последна поента е дека ситуацијата е многу чудна во Македонија, бидејќи опозициската партија не сака рани избори што е можно побрзо. Мислам дека тоа многу кажува за сегашната ситуација, посочи Петер Сијарто.
Унгарскиот министер беше искрен и за тоа како ЕУ може вистински да помогне да се реши ситуацијата во македонската држава:
– Мое мислење или мој став е дека ЕУ треба да ја поддржува сегашната администрација да го надмине овој вид на кризна ситуација. До опозицијата е да одлучи дали сака да учествува во работата на Парламентот или не. Според нашето мерење, силата на демократијата не може да се мери на тоа дали опозицијата сака да учествува во работата на Парламентот или не и мислам дека тоа многу, многу кажува дека главната опозициска партија се обидува да го одложи датумот за предвремени парламентарни избори од време до време. Тоа многу кажува, дециден е Сијарто.По утринскиот работен појадок што Сијарто и неговиот австриски колега Себастијан Курц го организираа за евроинтегративниот процес на Македонија, по