Сојузот на студенти по медицина во соработка со Студентскиот Парламент на Универзитет „Св.Кирил и Методиј” и асоцијацијата Х.Е.Р.А. со поддршка од брендот Дурекс, Светскиот ден за борба против СИДА-та го одбележаа со акцијата „Уживај во животот, преземи контрола, СТОП СИДА!“. Тие пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дистрибуираа едукативни материјали и кондоми Дурекс за студентите. Пред академските граѓани, на Правен Факултет „Јустинијан I“, од страна на претставниците на Х.Е.Р.А. беше одржана трибина како и едукативни предавања за средношколците од скопските средни училиште „Здравко Цветковски” и „Зеф Љуш Марку“.„Студентите имаат основни познавања за ризиците од некористење на заштита при сексуален однос. Сепак, наша задача како студентска организација е континуирано да ги едуцираме нашите колеги за заштитата при сексуалниот чин од сексуално преносливи болести и ХИВ/СИДА. Дурекс, како светски бренд оваа година ги поддржа нашите активности што е важен дел од предвидената програма за едукација на студентите за превенција, што во голема мера ни го олеснува патот до целта“, изјави Рина Пурини, национален офицер за репродуктивно здравје и СИДА при ССММ.
Студентите на државниот универзитет имаа можност директно да разговараат и да се информираат преку едукативните материјали за тоа како се пренесува ХИВ вирусот и на кој начин треба да се заштитат.
„Дурекс како лидер на пазарот директно ги поддржа студентите, со цел навремено спречување и ширење на сексуално преносливите болести (СПБ) и вирусот ХИВ во Македонија, што за нас претставува примарна задача и исполнување на одговорноста директно кон нашите корисници и сите граѓани“, вели Елена Гагиќ, претставник на Меркур Трејд, генерален дистрибутер на Дурекс во Македонија.
Студентската организација шеста година по ред го одбележува Светскиот ден за борба против СИДА-та, со што ја подигнува свеста на студентите за сексуалното и репродуктивно здравје, како и планирање на здраво семејство.„Студентите имаат основни познавања за ризиците од некористење на заштита при сексуален однос. Сепак, наша задача како студентска организациј
Студентите едуцираа за Светскиот ден за борба против СИДА-та



