Студентите ги поздравуваат мерките за млади кои ги промовираше Груевски

Сет од 34 проекти за млади во неколку пресконференции беа промовирани од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Различни мерки кои опфаќаат различни категории на млади. Од тие 34 мерки за млади, има значителен дел директно корисни за сите студенти во државата.Стипендии, ослободувања од партиципации, стимулација за упис на факултети, нови перални во студентските домови, бесплатен автобуски и жележнички превоз, наградни патувања за најдобрите студенти се дел од проектите.
-Посветуваме огромно внимание на младите. Тие се нашиот фокус, најсилниот мотив поради што реализираме огромен број на проекти за нив. Потребна им потребна поддршка и понуда за нови можности за успех. Младите се силата која граби напред, и тоа е неминовиен процес кој се случува, а наша задача е тоа да го динамизираме и подржиме. Затоа се стипендиите, затоа се новите факултетите, реформите кои носат квалитет, новите предности и бенифиции за младите, истакна Груевски на последната промоција.
Ќе се вработат 100 те најдобрите студенти на додипломски студии. Со оваа мерка се предвидува најдобрите студенти на додипломски студии од секоја учебна година кои дипломирале на државните универзитетите во Македонија, да бидат вработени во јавната администрацијата, акционерските друштва каде државата има доминантна сопственост или пак некоја соодветна на образованието јавна установа.
Истовремено ќе се започне и со проектот “ИНВЕСТИРАЈ ВО СВОЈАТА ИДНИНА” со кој ќе се овозможи стипендии за постдипломски и докторски студии на државните универзитети под мошне поволни услови за студентите кои доаѓаат од семејства со помали приходи. На студенти кои ќе дипломираат  со просек над 9 и доаѓаат од семејства со пониски приходи, кои  поради финансиски причини не се во можност да го продолжат образованието, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  ќе  овозможи стипендии  за постдипломски и докторски студии на еден од државните Универзитети.
Исто така во академската 2017/2018 ќе се овозможи на сите студенти, кои доаѓаат од семејства кои имаат месечни примања не поголеми од просечна месечна нето плата, а кои за прв пат ќе запишат студии на техничките факултети кои функционираат во рамките на државните универзитети, да влезат во државна квота, односно да плаќаат партиципација од 200 евра на годишно ниво. Значи 200 евра партиципација за студентите од техничките факултети.
Дури за 50% ќе се намали за студентите од самохрани и еднородителски семејства. Во насока на заштита на нивниот стадард следи намалување на партиципација за 50% за сите студенти од прва до четврта година на државните факултети кои се деца на самохрани родители, односно потекнуваат од еднородителско семејство, во кое, вкупните приходи се под износот на нето минималната плата утврдена во земјата.
Воедно ќе се овозможи и промена на студентски статус со кој на студентите со кофинансирање ќе се даде можност да им се намали партиципацијата за 50% доколку го постигнат планираниот просек од над 8.5% со што ќе заштедат половина од сумата за студирање.
Ќе се реши и горливиот проблем на студентите преку  обезбедување на ПЕРАЛНИ И СУШАЛНИ ВО ДРЖАВНИТЕ СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ.Недостатокот на вакви ресурси за повеќе од 6 500 студенти присутни во домовите значи проблем за нивното функционирање, но и финансиски товар за нивните буџети. Проектот ќе се спроведува преку министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017та година.
Истовремено студентите на трите најдобро рангирани универзитети во Република Македонија според ранг-листата на Шангајскиот универзитет, кои имаат просек повисок од 9,5, кои се пред дипломирање Владата ќе им обезбеди бесплатно патување и ќе го покрие сместувањето, храната, авионскиот превоз и сè друго што влегува во еден таков аранжман. Тие ќе може да ги посетата Париз, Венеција и Барселона.
Обезбеден е бесплатен превоз за сите редовни студенти од државните универзитети во јавниот градски сообраќај, секој ден во неделата, на сите линии. Ќе се спроведе и проектот насловен “еден клик”, кој што се состои во поедноставување на процедурите и постапките во однос на административните обврски на студентот кон факултетот со со што на студентите ќе им заштеди време и средства.
Освен овие мерки ќе се градат  и три нови студентски домови во Македонија, два од нив ќе бидат изградени во Скопје и нов студентски дом ќе добие и Тетово
Студентите задоволни од мерките.
-Досега немавме никакви перални и сушални во студентските домови, се снаоѓавме како знаевме и умеевме. Навистина се потребни и навистина со нетпрение ги очекуваме во студенските домови, вели Петар Стојановски кој студира во Скопје, а доаѓа од градот Ресен.
Дарко Ивановски вели дека бесплатниот автубуски превоз е одличлна мерка.
-Не сите студенти имаат можност да се во близина на факултетот каде студираат. Мерката за бесплатен превоз е одлична и се заштедува на буџетот кој порано се даваше за превоз, вели Ивановски.
Моника Стефковска која студира на техничкиот факултет е втора година од студиите и има просек над 9, посочува дека со нетрпение го очекува проектот за вработување на стоте најдобри студенти постдипломци.
-Тоа е мотив да продолжиме со надоградување но и дека имаме сигурна иднина, изјавува Стефковска.Стипендии, ослободувања од партиципации, стимулација за упис на факултети, нови перални во студентските домови, бесплатен автобуски и жележнички пр

Пронајдете не на следниве мрежи: