Студентите Роми до 3 февруари може да аплицираат за стипендии

Министерството за образование и наука објави нов конкурс за доделување на нови 50 стипендии за студентите Роми запишани на додипломски студии од прв циклус и на студентите запишани во втора и погорните години на студирањето на јавните и приватните универзитети и високо образовани установи во Република Македонија во академската 2016/2017 година.
 Во таа насока е и финансиската поддршка за образованието на лицата од ромската националност, која во контиуитет и со силен интензитет се обезбедува во изминатите 8 години.  Потврда за тоа се досега доделените 4.600 ученички стипендии и ангажманот на речиси 1.000 наставници, ментори и тутори кои имаат огромен придонес и видливи резултати во мотивирањето, помагањето и подучувањето на учениците Роми. Дополнително од минатата година започнавме и со стипендирање на студенти од ромска националност, при што беа доделени вкупно 32 стипендии, вели заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Заменик министерот потенцираше и дека оваа мерка за стипендирање на студентите Роми, продолжува и во оваа календарска година, а истата оваа мерка годинава е и дополнително проширена.
-Новиот конкурс е веќе објавен на специјализираната интернет страница за доделување на стипендии на Министерството за образование и наука (stipendii.mon.gov.mk) и предвидува доделување на вкупно 50 стипендии Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високо образовани установи во Република Македонија во академската 2016/2017 година. Од нив 25 се наменети за студентите бруцоши и 25 за студентите запишани во втора и погорните години на студирањето, а стипендиите ќе бидат во вредност од 9.000 денари и ќе се доделуваат девет месеци во годината, потенцираше Ристовски.
Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците Реџеп Али Чупи. Вели дека изминатата година биле доделени 32 стипендии на стидентите Роми.
-Од вкупно 32 стипендии, 21 беа на студентите запишани во прва година на студиите, а 11 на повисоки студиски години. Од вкупно 21 стипендист на крајот на минатата академска година 19 студенти успешно ја завршиле истата и навремено запишале нов семестар, односно повисока студиска година, а само 6 стипендисти не успеале успешно да ја завршат годината и успешно да се третираат во следната, вели Али Чупи.
Сите заинтересирани кандидати ќе треба да ги пополнат и достават  документите до Министерството за образование и наука заклучно до 3 февруари.Во таа насока е и финансиската поддршка за образованието на лицата од ромската националност, која во контиуитет и со силен интензитет се обезбедува

Пронајдете не на следниве мрежи: