Бесплатниот јавен превоз ќе го подигне животниот стандард на студентите, ќе им останат повеќе пари во џебот. Проектот што стартува од 1 јануари ќе донесе намалени трошоци за академските граѓани и за нивните родители, пишува Лидер.Студентите во моментов за месечен билет одвојуваат по 1050 денари, превозот е поскап за оние купуваат билет за едно или за десет возења. Оттука, пресметката покажува дека на годишно ниво ќе се заштедат и до 200 евра, што претставува значителна сума на пари за академските граѓани, кои сега ќе можат да ги искористат овие пари за други намени.
На пример, студентите овие средства ќе можат да ги вкалкулираат во буџетот за покривање на дел од трошоците за сместување во студентски дом, да покријат дел од трошоците ако се сместени приватно, да платат сметки за телефон и интернет или да си купат нова облека или обувки. Овие пари се добредојдени и за купување основни намирници или за ноќен живот.
Бесплатниот превоз ќе ослободи повеќе пари од студентскиот буџет и ќе овозможи поквалитетен студентски живот.
Бесплатен превоз на сите линии, секој ден!
Мерката за бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај ќе важи од 1 јануари 2016-та година. Со неа ќе бидат опфатени сите редовни студенти на сите државни универзитети во земјата.
„Заради грижата за студентскиот стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. На сите редовни студенти на државните универзитети ќе им се доделат картички од ЈСП-Скопје и од другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, за да можат ги користат услугите на јавните сообраќајни претпријатија“ – објасни премиерот Груевски.
За целосно да се спроведе овој мега проект за студентите, Владата ќе трансферира пари кон единиците на локалната самоуправа, а паралелно ќе се тера и мерката за средношколците. Од 1 јануари почнува да функционира „Средношколска среда“ – секоја среда средношколците можат бесплатно да се возат со воз, со жичницата на Водно, да добијат бесплатни карти за кино или за театар.
Студентите и средношколците задоволни од мерките
Студентите велат дека се задоволни од новата владина мерка, која според нив ќе значи повисок студентски стандард.
-Ова значи дека нема да трошиме толку пари за превоз. Мислам дека ова го има и во други земји, мислам дека е добро за развојот на образованието, вели Бојан Х,. студент на УКИМ.
-Идејата е одлична и многу ќе ни помогне, ќе го подигне стандардот, ќе се олесни транспортот, вели студентка од Велес.
-Може некој ќе рече дека не се големи пари ама за нас се големи, со правилна распределба ќе можат да се покријат дел од трошоците, вели Александар С. од Скопје.
На иста линија се и средношколците, сметаат дека со проектот „Средношколска среда“ ќе се поттикне културниот дух кај младите.
„Ова е одличен проект, сметам дека културните институции треба да ги отворат вратите за младата публика, да ги привлечат“
„Сметам дека ќе има голем интерес, особено за на кино“
„Добар е проектот, може ќе добиеме и уште некој ден“ – велат средношколците.
Новите два проекта се дел од 100-те мерки за младите и за образованието кои ги спроведува Владата.
Проектите носат поквалитетно образование
Инвестициите и проектите ја менуваат сликата за македонското образование, средношколците и студентите застануваат рамо до рамо со своите европски колеги. Веќе се инвестирани 50 милиони евра во изградба на нови училишта (околу 70) и во реновирање на постојните (околу 350 основни и средни училишта), со што се опфатени повеќе од 140 илјади ученици. Во Македонија се воведе задолжително бесплатно образование за сите граѓани до 18 години, се воведоа бесплатни учебници, се воведуваат нови програми по теркот на најразвиените држави во светот, се реализираа проектите: компјутер за секое дете и набавка на таблет компјутери. Се реновираат студентските домови, студентите веќе се вселија во новите соби во блокот Б во „Гоце Делчев“, а целосната реконструкција на домот треба да заврши до крајот на 2016-та или најдоцна до почетокот на 2017-та година. Леглата се распределуваат по фер и транспарентна постапка. Се даваат стипендии за студирање надвор. Државата ги покрива сите трошоци за студирање на 100-те најреномирани универзитети во светот, а највисоката стипендија изнесува 40 илјади долари. Студентите имаат можност да аплицираат до 1 септември 2016-та година.
-Сакам да апелирам до сите заинтересирани студенти и до оние кои сега ја разгледуваат оваа можност, да ги подготват своите документи за апликација, бидејќи условот е тие да бидат примени на еден од 100-те најреномирани универзитети во светот, да ја достават до нас потврдата дека се примени, со што државата ќе ги стипендира, изјави заменик – министерот за образование, Спиро Ристовски.
Дополнително, Владата донесе одлука повторно да ги зголеми студентските стипендии за 10 проценти.Се спроведуваат низа проекти кои имаат единствена цел – поквалитетно образование и подобар животен стандард на младите во текот на школувањето или студирањето.Студентите во моментов за месечен билет одвојуваат по 1050 денари, превозот е поскап за оние купуваат билет за едно или за десет возења. Оттука, пр