Скандал ја тресе бугарската полиција, откако во медиумите излезе приказна за случај во кој полицајците соблекувале студентка среде пат.Според информациите во медиумите во Бугарија, полициска патрола во Софија запрела автомобил кој го управувала 20 годишна студентка и во кој се превезувале уште 3 лица.
Освен возачот, полицијата ги проверила и сопатниците. а кога забележале дека еден од нив има досие во полицијата, сите ги извадиле надвор од автомобилот. Откако трите момчиња кои биле во возилото поминале низ рутински претрес, една полициска службеничка почнала да ја соблекува студентката и тоа среде пат додека поминувале други автомобили.
Според информациите од Бугарија, ја соблекла по градник и гаќи и повикала друга патрола во која имало уште три полициски службеници за да видат што направила.
Откако била пуштена, девојката за случајот го информирала својот татко кој решил да пријави во бугарските полициски служби за внатрешна контрола.Според информациите во медиумите во Бугарија, полициска патрола во Софија запрела автомобил кој го управувала 20 годишна студентка и во кој се прев