Понекогаш големите научни откритија се случуваат сосема случајно, а ова би можело да се најде во таа група.Научници од Калифорнискиот универзитет откриле начин како да направат батериите да траат вечно и до тоа дошле сосема случајно.
Потточно тоа го сторила студентката Миа Ле Таи. Заедно со останатите колеги експериментирала во лабораторијата и премачкала еден дел од батеријата за мобилен телефон со гел од манган диоксид. Потоа воочиле дека батеријата на полнење воопшто не го губи својот капацитет.
Вообичаената литиумска батерија го губи својот капацитет и сила по од прилика 7000 полнења- научниците ги тестирале батериите премачкани со гел и ги наполниле веќе 200.000 пати за три месеци, а не изгубиле ни малку од својот капацитет.
На овој начин батериите за мобилните телефони, преносните компјутери и таблети би можеле да траат практично вечно, но исто така би можеле да бидат употребувани во автомобилите и вселенските летала.Научници од Калифорнискиот универзитет откриле начин како да направат батериите да траат вечно и до тоа дошле сосема случајно.
Потточно тоа