Студентска иницијатива #НиеЗаЖивотните

Секој кој што има домашно милениче би се согласил дека овие мали суштества знаат да бидат најдобри пријатели на човекот. Тие знаат да ја препознаат и споделат нашата радост и нашата тага, знаат на да возвратат на нашата љубов и знаат да бидат неизмерно благодарни за секоја трошка внимание која им ја пружиме.Во еден совршен свет, секој дом би имал милениче и секое милениче би имало свој дом. За жал, реалноста е далеку од совршена. Секојдневно сме сведоци на ситуации во кои бездомни животни талкаат низ улиците, во очајна потрага по малку храна, вода и внимание.Тие се изложени на рамнодушноста, а во најлош случај и суровоста на случајните минувачи. Се повеќе луѓе стануваат свесни дека треба нешто да се преземе во врска со овој проблем, па се раѓаат бројни иницијативи за помош и заштита на бездомните животни. Една од овие иницијативи е покрената од четири студенти на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство(ФИНКИ), кои во рамките на предметот Медиуми и Комуникации работат на проектот „Ние за Животните“.Се работи за проект кој има за цел да ја подигне јавната свест во врска со состојбата во која се наоѓаат бездомните животни и да помогне за подобрување на истата. Со таа цел, тимот на Ние за Животните презема бројни активности, организира акции за собирање на донации, ги информира граѓаните за можноста за вдомување на бездомно животно и ги поврзува со организациите кои тоа го овозможуваат.
Повеќе информации за иницијативата можете да дознаете на Фејсбук страната Ние За ЖивотнитеВо еден совршен свет, секој дом би имал милениче и секое милениче би имало свој дом. За жал, реалноста е далеку од совршена.

Пронајдете не на следниве мрежи: