Мрак во студентските домови, е изгледа една од реформите за подобро образование, кои СДСМ ги најавуваше откако ќе дојде на власт. Младите пратеници на партијата, претседателот на младинската организација на СДСМ, Стефан Богоев и Ивана Туфегчиќ, една од главните организаторки на Студентскиот пленум, цело време најавуваа дека пристигнува подобар живот за студентите и учениците, а тоа за нив изгледа е немање струја во студентски дом среде испитна сесија.Тажна слика за студентите, на кои им се ветуваше дека ќе дојде живот во Македонија, додека од Туфегчиќ, која си заработи пратеничко место преку пленумот, нема ни трага ни глас, најверојатно си пие кафе, вечера во некоја кафана или гледа некоја омилена серија, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Фејсбук статус на Димса Арсовски
(Анти-)Реформите во образованието почнаа со укинување, екстерно, укинување “кембриџ”, укинување струја во студентските домови..
Е вака изгледа #Живот овозможен од СДС.. Тажна слика за студентите кои им се ветуваше дека ќе дојде живот во Македонија..
Откако дојде животот што го донесе СДС на среде сесија, студентите немаат осветлување, немаат топла вода, имаат сериозен проблем со исхраната бидејќи немаше услови за подготовка на истата, си позајмуваат едни на други свеќи во текот на вечерта, не функционираат лифтовите..
А од друга страна Туфегџиќ која си го заработи пратеничкото место преку пленумот ни трага ни глас, најверојатно си пие кафе, вечера во некоја кафана или гледа некоја омилена серија..
Дечки ако вака мислите да се грижите за студентите сте се зезнале!
Добронамерен совет до младиве во СДС: Заборавете на момент на борбата за функции и решете им го проблемот на овие 1000 студенти!!! Срам!!!
Среќна Ви Нова ’49
Дел од студентите се пожалија дека волку долго време досега не се случило да нема струја.
-Пред три часа дојдоа од ЕВН и ја исклучија струјата во студентскиот дом, веќе три часа нема струја. Причината поради која е исклучена струјата не се знае, тоа се случува прв пат, вака подолг период да нема струја. Не знам во кого е вината за ова снемување струја во студентскиот дом. Само студентскиот дом Гоце Делчев нема струја, известени сме дека во другите студентски има струја, изјави еден студент.
Инаку досегашните реформи на СДСМ во образованието се укинување на екстерното тестирање, кое претставуваше единствен начин на проверка на знаењето на учениците и контрола на работата на професорите, без некаков план или идеја за негова замена која ќе го зголеми квалитетот на образованието. Исто така, министерката за образование Рената Дескоска најави укинување и на Кембриџ програмата, за која новиот премиер Зоран Заев кажа дека сепак е потребна дебата.Тажна слика за студентите, на кои им се ветуваше дека ќе дојде живот во Македонија, додека од Туфегчиќ, која си заработи пратеничко место пре