Германските медиуми пренесуваат дека Луиз Суарез би можел да премине во екипата на Баерн Минхен.
Новиот тренер на германскиот бундеслигаш е сериозно заинтересиран за напаѓачот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, уругваецот Луиз Суарез.
Медиумите пренесуваат дека Баерн Минхен ќе испрати понуда за ангажман на Луиз Суарез.
Се претпоставува дека Баерн Минхен ќе испрати конкретна понуда во вредност од 40 милиони евра, онолку колку што Ливерпул не би можел да одбие за уругваецот.
Во Баерн веќе пристигнаа Марио Геце и Тиаго Алкантара, па се чини дека Гвардиола би можел да се засили и со Луиз Суарез и со тоа да комплетира уште посилен Баерн Минхен кој ќе атакува на сите титули во наредната сезона.Германските медиуми пренесуваат дека Луиз Суарез би можел да премине во екипата на Баерн Минхен.