Според најновите информации кои пристигаат од Англија, се чини дека на Арсенал нема да му биде доволно понудата од 40 милиони фунти за ангажман на напаѓачот на Ливерпул, Луиз Суарез, бидејќи неговиот тим бара фантастични 55 милиони фунти.
Можеби од трансферот на Игуаин во Арсенал нема да испадне ништо, па така Арсен Венгер би можел да се вклучи во игра за Луиз Суарез.
Понудата од 30 милиони фунти беше одбиена од страна на Ливерпул, па сега Арсенал би можел да го зголеми влогот за ангажман на Суарез, можно е наредната да биде 10 милиони фунти повеќе, но Ливерпул не попушта.
„Едно е проценката на Арсенал, друго е нашата. Кавани за околу 55 милиони фунти премина во ПСЖ. Суарез е тој калибар на играч, зборуваме за најдобрите напаѓачи во светот. Нема потреба да го продаваме, но доколку некој сака да го ангажира, треба да плати онолку колку што е нашата проценка“ вели тренерот на Ливерпул, Брендон Роџерс.Според најновите информации кои пристигаат од Англија, се чини дека на Арсенал нема да му биде доволно понудата од 40