Субвенции за вработување на 100 лица со социјален ризик

Од денеска е објавен нов јавен повик за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик. Сите приватни компании кои ќе се пријават во АВРМ и ќе вработат лице во социјален ризик ќе добијат низа поволности и субвенции од државата.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека за оваа година преку оваа мерка е предвидено да се вработат 100 лица.
– Станува збор за мерка која што нуди огромен број на поволности за приватните компании кои што треба да ги стимулираат за да  вработат лица во социјален ризик. Мерката предвидува 6 месечна субвенција во износ од вкупно 22.000 денари месечно од кои што 17.000 надоместок на плата за лицата во социјален ризик кои ќе бидат вработено и 5000 денари месечно за обука на лицето кое што ќе биде вработено, рече Спасов.
Приватните компании кои ќе ја искористат оваа мерка ќе имаат обврска да ги задржат лицата кои што ќе ги вработат уште дополнителни 6 месеци.
-Субвенцијата може да ја користат сите приватни компании кои што ќе вработат лица во социјален ризик, односно приматели на социјална парична помош, поранешни приматели на условен паричен надоместок, жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа односно лица кои што имале ваков статус до 18 годишна возраст, членови кои што се приматели на постојана парична помош, детски додаток, како и лица кои што имаат ниски примања, рече министерот.
Приватните компании покрај кои ќе вработат лица од социјален ризик ќе имаа можност да ги користат и поволностите од проектот „Македонија вработува“
-За лицата во социјален ризик е предвидено ослободување од плаќање на придонеси во период од 60 месеци, односно 5 години, додека за лицата помлади од 35 години кои што имаат ниски приходи предвидено е ослободување од плаќање на социјални придонеси и персонален данок од период од 3 години со уште една година обврска на работодавачот да ги задржи на работа, рече Спасов.
За реализирање на овој проект за субвенционирано вработување од буџетот се издвоени 16 милиони и 600 илјади денари.
Спасов ги повика сите приватни компании да ја искористат оваа можност и да аплицираат на јавниот повик кој ќе биде отворен 15 дена, со можност за продолжување.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека за оваа година преку оваа мерка е предвидено да се вработат 100 лица.
&nda

Пронајдете не на следниве мрежи: