среда, 25 ноември 2026
Најново

Субвенциите на земјоделците доцнат, Заев рече дека ќе ги крати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Не дај Боже да се исполни тоа да се намалат субвенциите или да се укинат за оние кои нема да направат за 10 отсто повеќе произвдоство од претходната година. Тогаш, сите земјоделци ќе излезат пред Владата, вели во вечерашното отворено студио м-р Игор Златков, поранешен директор на платежната агенција и поранешен директор на агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.– Субвенциите не само што го одржуваат земјоделското производство во Македонија. Субвенциите играат улога во демографската карта на државата. Ја стопираат миграцијата држава во друга држава или миграцијата од село во град. Ако нема субвенции, тешко на тие индивидуални земјоделци во државата. Најстрашно е од се, што укинувањето на субвенциите е кажано од човек што рече дека е роден на нива – вели Златков.
Меѓу другото, тој рече дека субвенциите го одржуваа производството на тутун од 2006 година па навака. Дури во 2017 година има стабилно производство на тутун од 24 илјади тони, додека пак во државите кои ни се блиски и се познати по тутунопроизводство драстично им се намалува.
– Некои земјоделски производители не може да ги убедиш да работат нешто друго. Не дека нема да можат да го работат, туку затоа што немаат услови за друго да работат. На пример во Конче и Лубница има највисоко квалитетен тутун и таму не може ништо друго да се произведува. Исто така и во општина Долнени, каде што се Дебреште, Житоше и Лажани, каде што има некаде од 1.600 тони производство на тутун само во тие три села, не може ништо друго освен тутун. Во Тополчани и Рековци нема ниту систем за наводнување, па која е таа друга земјоделска култура која што ќе издржи без вода, односно доволно е само едно освежување или врнежи од дожд за да има стабилен принос – вели Златков.– Субвенциите не само што го одржуваат земјоделското производство во Македонија. Субвенциите играат улога во демографската карта на државата.

Поврзани вести