вторник, 24 ноември 2026
Најново

Судењето за „Диво насеље“ продолжува зад затворени врати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ново судско рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Диво насеље“ денеска продолжува во големата сала на Врховниот суд.  Судењето е затворено за јавноста бидејќи ќе бидат презентирани транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање.Засилени безбедносни мерки во и околу Судот, како и на локалните сообраќајници се преземени и денеска. Местото околу Судот го надлетуваа и полициски хеликоптери.
Судската постапка се води против 29 лица, дел од т.н. „Кумановска група“ кои се обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај 2015 година во Дива населба во Куманово. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од Дива населба.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.Засилени безбедносни мерки во и околу Судот, како и на локалните сообраќајници се преземени и денеска. Местото околу Судот го надлетуваа и полициск

Поврзани вести