Алстон (62) верува дека Фокс (61) можеби му го спасил животот со тоа што го ставил во затвор, па сака да му возврати и да му помогне на судијата.Илјадници луѓе се регистрирале како донатори на коскена срж за судијата Карл Фокс кој се бори со рак на крвта. Тој се уште не нешол соодветна коскена срж но добил помош од чуден извир- донаторот е еден од луѓето кој тој ги испратил во затвор.
Фокс примил писмо во јули од Чарлс Алстон, затвореник во Френклин поправниот центар кој служи 25- годишна казна поради вооружен грабеж.
„Бевте окружен обвинител за време на моето судење. Не постои омраза ниту нетрпеливост во моето срце кон вас. Знам дека трагате по соодветен донатор за коскена срж. Јас можам или не морам да бидам соодветен, но би сакал да бидам донатор доколку е потребно“, напишал Алстон.
Алстон (62) верува дека Фокс (61) можеби му го спасил животот со тоа што го ставил во затвор, па сака да му возврати и да му помогне на судијата.
„Го мразев господин Фокс бидејќи ме осуди на толку долго, но одев во црква и го пронајдов Бога. Доколку можам да сторам нешто за некој друг, јас тоа го сакам“, рекол Алстон.
Затворениците не можат да бидат донатори поради ризикот од заразни болести, но овој гест многу му значел на Фокс.
„Бев трогнат од постапката на Алстон, потполно ме изненади. Никогаш не сум мислел дека Чарлс Алстон ќе ми пружи рака за спас. Тој ги има лсите причини да ме мрази, со оглед на казната и местото на кое ја служи. Ова многу ми значи“, рекол Карл Фокс.
Иако не може да биде донатор, Алстон рекол дека се надева дека ќе го сретне Фокс еден ден повторно.Илјадници луѓе се регистрирале како донатори на коскена срж за судијата Карл Фокс кој се бори со рак на крвта. Тој се уште не нешол соодветна



