Судијка наредила да му биде измерен „алатот“ на еден поштар

За  да се утврди дали еден поштар доставувајќи пакет навистина го покажал својот пенис пред малолетничка, судијка во Германија одредила „органот“ да биде измерен.
 
 Мајката на малолетничката од Леар, Источна Фризија поднела пријава против поштар, бидејќи се сомнева дека поштарот го отворил шлицот од панталоните пред нејзината ќерка, при што се видел неговиот пенис.
Поштарот ја негира целата ситуација и тврди дека ништо такво не се случило, а тука и изјавата на неговата сопруга која може да се покаже како клучна.   Имено, во судскиот записник останало забележано дека таа рекла „Извини злато, но твојот пенис е прекус, не може да ’ѕирка’ од панталони“.

Судијката реагирала на тој исказ и одредила полниот орган да биде измерен. Не го прифатила предлогот на одбраната обвинетиот да го покаже пенисот пред судскиот совет.
„Доколку сопругата така се изјасни пред судот, тогаш морам да реагирам. Наједноставното решение е судската медицина во округот Олденбург да утврди колку навистина има сантиметри“, образложила судијката во својата одлука.Мајката на малолетничката од Леар, Источна Фризија поднела пријава против поштар, бидејќи се сомнева дека поштарот го отворил шлицот од панталоните

Пронајдете не на следниве мрежи: