Судир помеѓу влекач и мерцедес на патот Штип – Радовиш, има повредени!

Едно лице е повредено во судир на патничко моторно возило марка мерцедес и тешко моторно возило влекач со кумановски регистарски таблички што се случи попладнево на патот Штип – Радовиш кај местото Краварник.Како што соопшти портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, во несреќата што се случила околу 16:40 часот со телесни повреди се здобил возачот на мерцедесот, кој е веднаш хоспитализиран во струмичката општа болница.
Портпаролот Панајотова вели дека во тек е увидот од страна на истражните органи  со цел да се утврдат причините за сообраќајната незгода.
Сообраќајот сѐ уште е во прекин и ќе биде пуштен по завршување на увидот од страна на истражните органи.Како што соопшти портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, во несреќата што се случила околу 16:40 часот со телесни повреди се здобил возачот на

Пронајдете не на следниве мрежи: