Судот му пресуди да носи транспарент за малтретирање комшика: „ЈАС СУМ СИЛЕЏИЈА“

„ЈАС СУМ СИЛЕЏИЈА! Задевам хендикепирани деца и не сум толерантен кон луѓето кои се различни од мене. Моите постапки не се одраз на почитување на разноликоста на заедница Јужен Еуклид во која живеам.“Маж од Охајо завчера поминал часови застанат на аголот ма улицата со транспарент на кој пишувало дека е силеџија, а вели дека казната за судскиот случај за недолично однесување не била фер и дека пресудата му го уништила животот. Едвард Авив (62) главно ги игнорирал автомобилските сирени и луѓето кои застанувале да позборуваат со него во Јужен Еуклид.
„Судијката ме уништи“, изјави Авив, „Ова воопшто не е фер.“
Казната произлезе од расправија со една од неговите сосетки која изјави дека Авив вербално ја малтретирал неа и нејзините хендикепирани деца со години. Авив се изјаснил за невин по обвинението за недолично однесување, а судијката Гејл Вилијамс Баерс од Општинскиот суд му наредила да држи транспарент со зборовите „ЈАС СУМ СИЛЕЏИЈА! Задевам хендикепирани деца и не сум толерантен кон луѓето кои се различни од мене. Моите постапки не се одраз на почитување на разноликоста на заедница Јужен Еуклид во која живеам.“

 

Авив дојде на аголот со транспарентот во раце завчера утрото во 9 часот.
За неколку минути поминал некој со автомобил и му свирнал. Подоцна седнал на едно столче држејќи го знакот пред себе. Десетици возачи му свиреле од автомобилите, а некои минувачи му се дереле. Некои пешаци го фотографирале. Авив негира дека ги малтретирал соседите, но одби да одговори на други прашања. Судскиот службеник назначен за неговата условна казна внимаваше на него, а го посети и неговиот адвокат. Според судските документи Авив и соседката Садра Пру се расправаат веќе 15 години.
Најновата расправија се случила бидејќи на Авив му сметала неверојатната миризба од отворот за вентилација на сушарата за алишта на Пру. За да и се одмазди, Авив поврзал керозин со вентилатор што ја дувал миризбата кон имотот на Пру, стои во документите. Пру има две возрасни деца со пречки во развојот, церебрална парализа и епилепсија. Нејзиниот сопруг има деменција,а синот е парализиран. Маж од Охајо завчера поминал часови застанат на аголот ма улицата со транспарент на кој пишувало дека е силеџија, а вели дека казната за судскиот с

Пронајдете не на следниве мрежи: