Судот потпадна под притисоците на СЈО и СДСМ

Како јавност, сведоци сме на двојните аршини на Судот. Судот подлегна на политичките притисоци од СДС. Судот не успеа да се издигне над заканите од СДС за реизбор на судии. Судот не се спротистави ниту на поделбите кои ги прават преку медиумите блиски на СДС прогласувајќи одговорни и неодговорни судии, односно судии кои судат како што сака Заев и СЈО и судии што судат врз основа на докази. Секој што суди по закон, а не политички го прогласуваат за неодговорен, го прозиваат и станува предмет на закана, изјави денес Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
 -Судот од една страна отфрла силни аргументи на одбраната на ВМРО-ДПМНЕ и носи политичка одлука за мерки за претплазливост, а од друга страна го ослободува Заев во чист случај каде што е фатен жив како изнудува поткуп од 100.000 и е на слобода.

 Очигедно е дека судот потпадна на политичките притисоци на СЈО и СДСМ. СДС преку политичкиот привезок СЈО гони стотина лица од ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што им стои на патот на антидржавната и деструктивна политика, посочува Ѓорѓиевски.
Тој вели дека ако постоело правото и правдата немало суд кој би му го вратил пасошот на Заев за дело како поткуп за мито од 100.000 евра. Затоа овој суд сега треба да одговори, по кој основ на ваков човек му беше вратен пасошот и е сега на слобода?
Во тој случај судот не само што не ја спроведе, туку остана нем на понижувањата од Зоран Заев додека се сретнуваше со соработници на амбасадорите. Јавно говореше дека не го признава судот, не јавувајќи се на рочиштата.

 Овие двојни аршини се лош пример за судскиот систем во државата. Одлуката на судот да ги одземат пасошите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ е гола политика, изнудена преку политички притисок.

 Сето ова Зоран Заев го прави со единствена причина, да се спаси од криминалиите во кои тоне и да си ја заврши антидржавната агенда, додава тој.
Ѓорѓиевски вели дека со политичките притисоци кои ги прави врз судот, Зоран Заев нема да може да избегне од одговорот кој им го должи на граѓаните, а тоа е одговорот на најважното прашање: Kога планира да го смени името на државата?-Судот од една страна отфрла силни аргументи на одбраната на ВМРО-ДПМНЕ и носи политичка одлука за мерки за претплазливост, а од друга страна го ос

Пронајдете не на следниве мрежи: