Сметаме дека СЈО во оваа фаза најпрво треба да преземе мерки и активности за да се произнесе дали продолжува со постапката бидејќи досега не се произнесоа, а не на ваков начин да врши притисок врз судот како истиот да постапува, се вели во соопштението од Соновниот суд Скопје 1.Во продолжение интегрален текст од соопштението:
Во однос на новинарски прашања кои беа упатени до судот од повеќе медиуми поврзани со предметот во јавноста познат како „Пуч“, ве информираме дека по поднесување на жалба од страна на одбраната на обвинетите во однос на решението на судечкиот совет за запирање на постапката согласно одлуката на Претседателот на Р.М., целиот предмет е пратен на надлежно постапување во Апеалциониот суд – Скопје од каде сеуште не е добиена одлука и предметот не е вратен.
Што се однесува до тврдењето на Специјалното јавно обвинителство дека во одлуката на Апелациониот суд стои обврска според која Основниот суд Скопје 1 – Скопје треба да постапи во однос на барњето на СЈО за доставување на копии од доказниот материјал, ве информираме дека Апелациониот суд – Скопје неможе да му даде обврска на Кривичниот суд да достави копии од докази од конкретен предмет бидејќи по предметите постапува судија или судечки совет кои се назависни и самостојни при носење одлуки, а повисокиот суд може само да даде напатствија што да има во предвид понискиот суд при повторно одлучување.
Со оглед на фактот дека предметот за кој се интересирате, како што наведовме погоре, во моментов се наоѓа во Апелациониот суд, откако истиот ќе биде вратен во Кривичниот суд за сите одлуки на судечкиот совет, надлежен да постапува, навреме ќе ја информираме јавноста.
Сметаме дека СЈО во оваа фаза најпрво треба да преземе мерки и активности за да се произнесе дали продолжува со постапката бидејќи досега не се произнесоа, а не на ваков начин да врши притисок врз судот како истиот да постапува.Во продолжение интегрален текст од соопштението:
Во однос на новинарски прашања кои беа упатени до судот од повеќе медиуми поврзани со пред