Судот во Индија го призна постоењето на трет пол

Во Индија е признаено постоењето на трет пол, кој не е ниту машки ниту женски! Судот нареди дека личностите кои што сметаат дека се трет пол да се пишуваат како неутрални, нагласувајќи како мораат да имаат исти права како и другите групи на малцинство.Трансродните групи во Индија ја поздравија оваа одлука како пресвртница во борбата за одбрана на човековите права.
Признавањето на трансродните личности како трет пол не е ниту социјално, ниту медицинско прашање. Тоа е прашање за правата на човекот, тие се граѓани на оваа држава и имаат право на образование како и сите останати – изјави судијата К. С. Радхакришнан.
Кон почетокот на април оваа година и Австралија ја донесе истата одлука. Германија и Непал им овозможуваат на граѓаните да стават Х на местото за пол во документите, наместо стандардните М за мажи и F за жени.
Интересен е фактот што истиот суд во Индија одби да ја декриминализира хомосексуалноста, која и понатаму се води како злосторство во Индија.Трансродните групи во Индија ја поздравија оваа одлука

Пронајдете не на следниве мрежи: