Во извештајот од обдукцијата утврдено е дека причината за смртта не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови, се вели во соопштението од (24.02.2015) од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пишува Вечер.Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат наведуваат дека ќе се испита дали Тамара воопшто била лекувана од оваа сериозна дијагноза.
-Првичните проверки и извршениот увид во електронскиот здравствен систем покажуваат дека девојчето не било третирано, односно воопшто не посетило лекар, ниту примало одредени лекарства за бронхопневмонијата, се наведува во соопштението.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе продолжи со испитување на случајот во рамки на своите овластувања и надлежности, се додава во соопштението.Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат наведуваат дека ќе се испита дали Тамара воопшто била лекувана од оваа сериозна дијагноза.