На денешната 211-та седница, Судскиот совет на Република Македонија за претседател на ОС Струга го избра Ифет Бајрамоски.Претседателот на Судскиот Совет на РМ Бранко Ушковски, констатира дека и на оваа седница применувајќи го мерит системот, на најтранспарентен начин за претседател е избран кандидатот кој ги исполнува условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на СС.
Воедно, претседателот Бранко Ушковски укажа дека за претседател е избран кандидат кој покрај другите услови и критериуми во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другиот кандидат има добиено најголем број бодови.
Исто така, истакна дека сите членови на Судскиот Совет и во иднина ќе продолжат да ги применуваат највисоките Европски стандарди и со тоа континуирано да го надградуваат основното начело, а тоа е „обезбедување на непристрасност и при изборот на претседатели и изборот на судии“.
Претседателот на Советот Бранко Ушковски од свое лично име и од името на членовите на советот, му го честиташе изборот на избраниoт претседател Ифет Бајрамоски со надеж дека ќе ја оправда довербата која му е доверена.Претседателот на Судскиот Совет на РМ Бранко Ушковски, констатира дека и на оваа седница применувајќи го мерит системот, на најтранспарентен начин