Се заокружува речиси една недела откако Вишиот Управен суд донесе одлука со која се отфрлаат жалбите на техничките министри за труд и социјална политика, Фросина Ременски и за внатрешни работи Оливер Спасовски, по однос на времените мерки кои беа донесени од Управниот суд, во врска со незаконските смени на директори од МТСП и началници од МВР.Со секој изминат ден, Ременски и Спасовски се повеќе го газат правниот систем и се однесуваат како законите да се обично парче хартија, со оглед на тоа што времените мерки треба итно и неодложно да се извршат.
Со ваквото однесување, Ременски и Спасовски се ставаат над законите во Република Македонија, првенствено што донесоа 41 одлука за незаконско разрешување, односно 12 незаконски решенија за разрешување во МТСП, а 29 во МВР, а сега веќе и поради тоа што не ја почитуваат одлуката на Вишиот Управен суд.
– Поминува 5-от ден откако решенијата за времени мерки на Управниот суд станаа правосилни, 5-ти ден откако техничката министерка Фросина Ременски не постапува по овие судски одлуки. Да бидам појасен, со оглед на фактот дека пред отприлика 1 месец, беа разрешени поголем број на директори на центри за социјална работа и јавни установи, незаконски преку ноќ без да им се образложи на лицата кои што се разрешени за причините поради кои што се сменети и од друга страна беа поставени партиски кадри од страна на техничката министерка Ременски, покренав тужби пред Управниот суд за незаконско работење и прекршување на административните процедури со предлог за решенија за времени мерки со кои што судот ќе ги стави вон сила овие незаконски разрешувања се до донесување на правосилна судска одлука. Овие предлози беа прифатени, од страна на Управниот суд беа донесени времени мерки, техничката министерка поднесе жалби против истите до Вишиот Управен суд. Во средата ги добивме одлуките со кои што се отфрлаат жалбите и со тоа овие времени мерки стануваат правосилни, појаснува дополнителниот заменик министер Диме Спасов.
Неизвршување на судска одлука повлекува кривична одговорност. Согласно законот, казната за неизвршување на судска одлука повлекува и затворски казни до 10 години, доколку со вакво кривично дело се предизвика поголема штета.
– Неизвршување на судски одлуки е недопустливо и не само што е против законско постапување- директно кршење на законите туку и кршење на принципите за работа. Ниту еден политичар во Република Македонија не смее да си дозволи неизвршување на судска одлука. Мораме да го почитуваме законот и мора да се почитуваат одлуките на судот, заклучува Спасов.
Дополнително, незаконското разрешувања на директори во МТСП влијае на ненавремено остварување на правата од социјално и од детска заштита. Исто така има и голем број задоцнувања во реализација на проектите во МТСП што е директен удар врз правата на граѓаните на Република Македонија, предупредува Спасов.
Голем број на граѓани очекуваат побрзо да се остварат нивните права, ги очекуваат проектите кои што им се ветени а за кои што постои застој и ова е директен удар врз граѓаните што е недозволиво и недопустливо.Со секој изминат ден, Ременски и Спасовски се повеќе го газат правниот систем и се однесуваат како законите да се обично парче хартија, со оглед на