Ако судството во времето на СДСМ од 1990 до 1998, и во времето на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ од 2008 до 2016 успешно магистрираше на тема „Потпаѓање под влијание на политиката и злоупотреба на правдата во партиски цели “ по 27 години македонското судство успешно докторираше на тема „Селективна правда и правни небулози“ по налог на Илинденска.Навидум шеговит приказ на состојбите но ни од далеку не е тоа.
И неук набљудувач може да препознае хаос и страв во постапките на судот во случајот со инцидентите од 27 април а таму во најголем дел работат умни, професионални, човечни и образувани судии.
Еве дел од прашањата што ја поткрепуваат горната навидум смешна но сепак крајно сериозна теза.
Зошто апсењата со специјалци во полна воена опрема се случуваат дури 7 месеци од инцидентот?Ако некој сакал да избега досега ќе избегал сто пати.
Зошто осомничените не беа повикани со покана?Како што тоа се случува во низа други случаи , меѓу другите и во сите случаи на СЈО.
Зошто се користи обвиние за тероризам?На ниедна снимка не се гледа ни оружје, ни бомби освен ако стативите за камери кои што се користеа во нападите не се сметаат за терористички орудија.
Ако ЈО смета дека имало организација и план за насилство тогаш треба да се гонат и ТВ снимателите кои што според логиката на обвинението практично се соучесници во нападот затоа што во Собранието внесле терористичко оружје.
Се разбира дека ова е небулоза но и таа јасно покажува дека немало план да се користат стативите или друго оружје што за тероризам е многу важен момент.
Понатаму, Кривичниот суд на двајца од организаторите Игор Дурловски и Бетмен Велит (Богдан Илиевски) им одредува мерка притвор а на еден Борис Дамовски, домашен притвор. Се товарат за исто дело а да не зборуваме дека Бетмен Велит воопшто не влегол во Собранието на 27 април според сите досегашни информации. Освен ако не седел во бункер каде делел стативи за камери на терористи, и оваа е небулоза која што дури и за нашето судство е крајно нелогична.
Како е можно за дело тероризам осомничен некој да биде пуштен дома, макар и во куќен притвор кога ако не е отфрлено целосно обвинението?
Тој човек според секоја правна и безбедносна логика може и од дома да го повтори делото, да влијае на сведоци или да избега, како што се случи предходно со двајцата осомничени во Тврдина на СЈО.
За тие што не знаат контролата на куќен притвор го вршат десетина полицајци во цела држава и ним главен механизам во убедувањето на обвинетите да не избегаат им е молбата „Жити мајка седи дома ќе ми направиш проблем на работа“.
И најобичен лаик за право може да најде уште неколку небулози во процесот против 36 луѓе учесници во настаните од 27 април. Ако за сите нив има докази дека тепале, сакале да ја урнат владата, сакале да убијат некого или дека се организирале тие треба да лежат во затвор но со сите досега познати информации за најголем дел од осомничените нема такви индиции.
Во земја во која со месеци слушавме приватни разговори, каде што ПИМ мерки беа објавувани на телевизија и каде што сите знаат се уште тоа пред да се случи, досега сто пати ќе видевме како оперската ѕвезда Дурловски врши насилство дури и ако е тоа против ветерниците на Сервантес.Навидум шеговит приказ на состојбите но ни од далеку не е тоа.
И неук набљудувач може да препознае хаос и страв во постапките на судот во с