Досегашниот пратеник на СДСМ Горан Сугарески не го сокрива револтот по објавувањето на пратеничките листи на Зоран Заев.За Сугарески како и за други досегашни пратеници и функционери на СДСМ, Заев не остави место на листите бидејќи таму постави луѓе од шарената револуција и пленумот.
Сугарески лично му се обратил на Заев не криејќи што тој и останатите мислат за оваа одлука.
-Претседателе, не изневеривте. Ги оставивте на цедило оние кои во 2014 ги убедуваа останатите да опстојат во битката и да не се вратат во Собранието како Грчева, Тупузовска и Буралиева. И самите знаете дека јас, Маријанчо Николов и Лидија Димова со денови молевме двајца колеги да не се вратат во Собранието. И сега тие колеги сеуште се на листата а ние сме надвор. Срамота! – му се обратил Сугарески на Заев.За Сугарески како и за други досегашни пратеници и функционери на СДСМ, Заев не остави место на листите бидејќи таму постави луѓе од шарената револ